БУДИМПЕШТА ЗА ВЕЛИГДЕН
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
9 април (четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во 18:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
10 април (петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, авениите; Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно попладне со можност за прошетка по улицата Ваци низ централното подрачје на градот. Вечерта има можност за факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав со прекрасна илуминација на палатите покрај брегот – незаборавно доживување! Ноќевање.
11 април (сабота) БУДИМПЕШТА – СЕНТ AНДРЕА – ОСТРОГОН
Појадок. Организирана посета на: Сент Aндреа – живописно гратче познато по старата архитектура, уметнички галерии, музеи, винотеки и традиционални ресторани. Потоа се упатуваме кон Острогон – историски град каде започнала унгарската државност. Посета на величествената базилика, најголема катедрала во Унгарија, со поглед кон Словачка. Идеално место за фотографии и духовен мир. Враќање во Будимпешта. Вечерта има можност за факултативна вечера во традиционален унгарски ресторан – чарда, со фолклорна програма и унгарски специјалитети. Ноќевање.
12 април (недела) БУДИМПЕШТА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Ви препорачуваме посета на Тропикариумот каде ќе откриете фасцинантен подводен свет со егзотични животни; Зоолошката градина – една од најстарите и најубави во Европа… нуди можност за пријатна прошетка меѓу бројна фауна и зелени површини, или пак да се опуштите во познатите термални бањи Széchenyi, еден од симболите на Будимпешта. Ноќевање.
13 април (понеделник) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе, купување сувенири или посета на бањите, музеите и парковите. Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден на 15 април (вторник).
Цена на аранжманот: 220 € (13.640,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Будимпешта
– Организација на аранжманот и професионален придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативно крстарење по Дунав (25€)
– Факултативна екскурзија до Сент Андреа и Острогон (35€)
– Факултативна вечера во традиционален ресторан – “чарда” (40€)
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување
– Туристичка такса (се наплатува на рецепција во хотелот)
НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
– Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот


