Венеција

Позната уште и како “Кралицата на Јадранот”, “Сопружничката на морето”, “Градот на мостови”, “Градот на вода”, “Градот на канали”, убавата Венеција е изградена на 118 мали островчиња, удобно сместена со векови во венецијанската лагуна, обоена со стари цркви и раскошни палати. Секој нејзин агол крие парче историја, безброј приказни и легенди за некои дамнешни времиња. Венеција денес е сведок на некогашната огромната венецијанска моќ, дом на богато историско и културно светско наследство, градот на уметноста, убавината и романтиката!

 

Програма на патување:

1.Ден 05.09.2024 (Четврток) СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

2.Ден  06.09.2024 (Петок) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ГРАТИС ДЕН НА ПЛАЖА!!!
Пристигнување во Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободен ден за одмор, релаксација и уживање на плажа покрај Јадранско Море во познатото италијанско летувалиште Лидо ди Јесоло.. Ноќевање.

3. Ден 07.09.2024 (Сабота) ФИРЕНЦА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: реката Арно, Стариот Мост – Понте Векио,  плоштадот Сињори, Старата Палата – Палацо Векио, Дуомото – Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во доцните попладневни часови во договорено време со водичот на групата враќање во хотел. Ноќевање.

4.Ден 08.09.2024 (Недела)  ВЕНЕЦИЈА И ОСТОВИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈАНСКАТА ЛАГУНА
Појадок. Ден предвиден за целодневен излет до Убавицата на морето – Венеција и островите во венецијанската лагуна Мурано, Бурано и Торчело. Турата започнува со крстарење по островите на Венецијанска лагуна. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. Продолжуваме со посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Патувањето продолжува со трасфер со брод до Венеција. Пешачки разглед низ градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и уживање во убавата Венеција. Во договорено време со водичот заминување од Венеција и враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.

5.Ден  09.09.2024 (Понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија, прошетката и запознавањето на Верона ја правиме релаксирано со придружникот на групата. Ќе поминеме покрај Арената и Плоштадот Бра, преку пешачката улица Виа Мацини ќе стигнеме до Плошдатод Ербе и  Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки, разгледи и ручек. Можност за шопинг во некои од продавничките со италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови во договор со водичот на групата, заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.

6.Ден 10.09.2024 (Вторник) СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови.  .

 

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.08.2024 – 189€/ 11.718ден
***со пријава на пакет екскурзии
Редовна цена 209€/ 12.958 ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* Лидо ди Јесоло
– Услуга на база 3 ноќевања со појадок;
– Организирана посети и разгледи според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
– Огранизиран бесплатен трансфер и поаѓања од Скопје, Кавадарци, Неготино, Велес и Штип

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Факултативна екскурзија крстарење и посета на островите Мурано, Бурано, Торчело и Венеција – 55€
– Факултативна посета на Фиренца – 55€ (мин. 30 пријавени)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (3€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските знаменитости

 

 

ПРОМО ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 100€ НАМЕСТО 110€!!!

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна соба 75€/4.650ден
– Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта),
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

 

 

Важни напомени: 

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 45 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Феријал Кашиков

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди