ВИЕНА и БРАТИСЛАВА
- Март (Петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19:45 часот. Полетување за Братислава во 21:50 и слетување во 23:25 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.
- Март (Сабота) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за шопинг по познатата улица Mariahilferstrasse, посета на некое од виенските кафулиња и уживање во “melange” кафе и Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската” виенска шницла и Пилснер пиво. Ноќевање.
- Март (Недела) ВИЕНА
Појадик. Факултативно, пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател… Посета на Пратер-најстариот забавен парк во светот кој зафаќа површина од 6 милиони квадратни метри. Денес тоа е задолжителна станица за туристите кои ја посетуваат Виена со околу 4,2 милиони посетители годишно. Се вели дека Пратер е место каде што се среќаваат културата и архитектурата, традицијата и иновациите. Забавен парк, носталгично место, оаза на зеленило и локацијата на „Големото тркало“, еден од најголемите симболи на Виена. Слободно време за ручек и уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Ноќевање.
- Март (Понеделник) ВИЕНА -БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Братислава со попатна посета на Парндорф најголемиот шопинг центар во Австрија.
Разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:55 и слетување во 01:30 часот наредниот ден.
За уплата до 22.12: 459 евра (28.460 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 529 евра (32.800 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
– Аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
– Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно
– Сместување во Хотел “Mozart” 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на Виена со локален водич според програмата
– Посета на шопинг центар – Парндорф
– Разглед на Братислава според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
–Пешачка прочетка со водич во Виена 20 евра
–Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поѓање)
– Туристичка такса 740 денари (се плаќа во Агенција)
– Посета на Шенбрун 55 евра (трансфер, влезница, водич)
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 6.500 денари
– Дете од 2 до 6 год. плаќа 430 евра, дете од 6 до 12 год. плаќа 430 евра
Напомена:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка