АНДАЛУЗИЈА (Коста дел Сол)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 7 ноќевања
1 ден 13. Август 2026 СКОПЈЕ – МАЛАГА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Лет за Малага во 14:10 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Малага во 18:50 часот. Трансфер до хотелот. Слободен ден за одмор и индивиуални активности. Ноќевање.
2 – 7 ден 14 – 19 Август 2026
Беналмадена е еден од главните туристички центри на западниот дел од Коста дел Сол.
Општината Беналмадена се протега од подножјето на планините Сиера де Михас до самата плажа на брегот. Градот се наоѓа на рид, што значи дека има прекрасен панорамски поглед. Подолу се зградите на Аројо де ла Миел, каде што живее поголемиот дел од населението, и на крај, Беналмадена-Коста, која има голем број хотели и терени за голф, казино и марина. Широкиот спектар на објекти и услуги е надополнет со адреналински забавен парк. Впечатливо оригинален е замокот Бил-Бил, специфична структура изградена на плажата во 1934 година во неоарапски стил, денеска градскиот совет ја користи за организирање изложби и културни настани. Исто така, интересни се градините Муро, мешавина од растенија и вода дизајнирана од Сезар Манрике.
Препорачуваме за време на вашиот престој дел од многубројните екскурзии:
* АНДАЛУЗИЈА
* МАЛАГА
* МИХАС
* ГРАНАДА – (опција со вклучена АЛХАМБРА)
* СЕВИЉА – РЕАЛ АЛКАЗАР
* КОРДОБА
8 ден 20.08.2026 МАЛАГА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, трансфер до аеродромот во Малага во 10:00 часот. Лет за Скопје во 13:50 ч. со едно преседнување. Пристигнување во Скопје после полноќ во 00:15 часот.
Цена во претпродажба:
Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони – 1149€ (71.238 мкд) по лице
Цена на аранжманот:
Hotel THB San Fermin (Benalmadena) – 7 полупансиони – 1299€ (80.538 мкд) по лице
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Малага – Скопје (со едно преседнување) со вклучени аеродромски такси.
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг
– Сместување во хотел THB San Fermin https://www.thbhotels.com/en/hotel-san-fermin-costa-del-sol/ во Benalmadena, на база 7 ноќевања на полупансион
– Oрганизирани трансфери во Малага: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и локална асистенција
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Здравствено-патничко осигурување
– Туристичка такса: во хотел 2 – 3€ (по лице од ноќевање), се наплатува на рецепција.
– Чекиран багаж од 23кг – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 216€
ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ:
– Организиран панорамски разглед на Малага (приватен трансфер и локален водич) околу 50-70€, во зависност од бројот на пријавени.
– Посета на Гранада (приватен трансфер и локален водич) 50-70€, посета на Гранада и Алхамбра 130-150€ во зависност од бројот на пријавени.
– Посета на Мијах (приватен трансфер и локален водич) 50€ – 70€, во зависност од бројот на пријавени.
– Посета на Севиља со Алказар влезница (приватен трансфер и локален водич) 120€ – 170€, во зависност од бројот на пријавени.
– Посета на Кордоба со вклучена влезница за џамијата (приватен трансфер и локален водич) 100€ – 190€, во зависност од бројот на пријавени.
– Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници