Alkmene Studios – Остров Скијатос 2026
За островот Скијатос
На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.
Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе ви овозможат да го истражите и доживеете овој остров во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Британскиот весник „Тајмс“ неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Сместување – Alkmene Studios
Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на Скијатос се одалечени околу 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на приближно 200 метри. Автобуската станица до другите плажи на островот е на околу 100 метри.
Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер и клима уред. Вилата располага со двокреветни студиа со два единечни или еден брачен кревет.
| Термин | Редовна цена по лице | Промо цена по лице |
|---|---|---|
| 21.05.2026 – 28.05.2026 | 132 € | 89 € |
| 28.05.2026 – 04.06.2026 | 150 € | 109 € |
| 04.06.2026 – 11.06.2026 | 174 € | 122 € |
| 11.06.2026 – 18.06.2026 | 198 € | 145 € |
| 18.06.2026 – 25.06.2026 | 222 € | 185 € |
| 25.06.2026 – 02.07.2026 | 239 € | 199 € |
| 02.07.2026 – 09.07.2026 | 263 € | 214 € |
| 09.07.2026 – 16.07.2026 | 299 € | 225 € |
| 16.07.2026 – 23.07.2026 | 299 € | 225 € |
| 23.07.2026 – 30.07.2026 | 299 € | 225 € |
| 30.07.2026 – 06.08.2026 | 299 € | 225 € |
| 06.08.2026 – 13.08.2026 | 299 € | 225 € |
| 13.08.2026 – 20.08.2026 | 299 € | 225 € |
| 20.08.2026 – 27.08.2026 | 299 € | 225 € |
| 27.08.2026 – 03.09.2026 | 239 € | 199 € |
| 03.09.2026 – 10.09.2026 | 215 € | 185 € |
| 10.09.2026 – 17.09.2026 | 179 € | 155 € |
| 17.09.2026 – 24.09.2026 | 155 € | 119 € |
| 24.09.2026 – 01.10.2026 | 131 € | 99 € |
Што е вклучено во цената
- 7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице).
- Автобуски превоз на релација Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
- Туристички пратител за време на патувањето.
- Претставник од агенција за време на престојот.
Што не е вклучено во цената
- Дополнителни 46 € – задолжителна доплата за билет за траект на релација Волос–Скијатос–Волос (се плаќа во автобус).
- Патничко осигурување.
- Факултативни излети.
- Користење на клима (не е задолжително) – 7 € од ден, се плаќа на лице место при пристигнување.
- Доплата за туристичка такса – 14 € од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително, се плаќа кај газдите на вилата).