BLUE SEA HOTEL – КУШАДАСИ

BLUE SEA HOTEL

Положба: Хотелот е лоциран на 200 метри над една од најпознатите плажи во Кушадаси, Ladies Beach. Хотелот е оддалечен на само 3 километри од центарот на градот.

Сместување: Хотелот Blue Sea располага со вкупно 50 соби кои поседуваат балкони со поглед на море. Сите соби располагаат со сопствен балкон, клима уред, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса) минибар, сеф, ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база HB(појадок и вечера – шведска маса – во главниот ресторан). Хотелот расолага со прекрасен ресторан на покривот во кој секојдневно се служат вкусни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со два барови каде се служат топли,  безалкохолни и алкохолни пијалоци.

Бесплатни услуги: користење на базенот, ресторанот за време на доручек и вечера, lounge area,игралиште за деца, палуба за сончање, тераса,хамам, сауна,  Wi-Fi конекција во јавниот простор на хотелот, паркинг.

Услуги со доплата: Увозни пијалоци, свежо цедени сокови,сервис за перење алишта, сервис за  пеглање на алишта, пинг понг, масажи, телефон, сеф, водени спортови, лежалки и чадори на плажа, room service (услуга во соба), минибар.

Содржини: Хотелот располага со прекрасен ресторан на покривот, надворешен  базен, два барови,  рецепција (24/7), менувачница, туристичко биро, складирање на багаж, биро за изнајмување на кола.

Плажа: Хотелот се наоѓа на најпознатата плажа во Кушадаси, Ladies Beach. Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нјезината чиста вода. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Надворешен базен, детско игралиште, водени спортови, пинг понг, билијард.

   
ТЕРМИН  
01.06-11.06 349 EUR
06.06-16.06 365 EUR
11.06-21.06 399 EUR
16.06-26.06 415 EUR
21.06-01.07 429 EUR
01.07 -08.07 409 EUR
08.07-15.07 409 EUR
15.07 -22.07 409 EUR
22.07 -29.07 409 EUR
29.07 -05.08 409 EUR
05.08 -12.08 409 EUR
12.08 -19.08 409 EUR
19.08 -26.08 409 EUR
26.08 -02.09 389 EUR
02.09 -09.09 359EUR
09.09 -16.09 359EUR
16.09 -23.09 359EUR

Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база HB ( појадок и вечер ), клима и превоз.

Прво дете од 0-5,99 години само превоз 80 € , за второ дете 20% попуст

За дете од 6-11,99 години 20% попуст

 

Поаѓањето е еден ден порано од датумот даден во табелата.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди