СУТОМОРЕ ЛЕТО 2026
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер ( колона 1 од табелата ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
ВИЛА СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер,тв,тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
ВИЛА СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима,тв, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима ,ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
ВИЛА БЕБА располага со двокреветни, трокревтни и четворокреветни соби. Секоја соба е со ТВ, тоалет, мини кујна, клима и тераса. Kористењето на клима уредот е вклучен во цената.
| СМЕНА | ПЕРИОД | БОГОЕВИЧ | СКАУТ/ СКАУТ 1 | ЕКСКЛУЗИВ | БЕБА | ||
| НОЌЕВАЊА | |||||||
| УСЛУГА | 1 | 2 | |||||
| 1 | 14.06-23.06 | 9 НВ | 230 | 270 | 300 | 315 | 330 |
| 2 | 23.06-02.07 | 9НВ | 230 | 270 | 300 | 315 | 330 |
| 3 | 02.07-11.07 | 9 НВ | 230 | 270 | 300 | 315 | 330 |
| 4 | 11.07-20.07 | 9 НВ | 230 | 270 | 310 | 330 | 345 |
| 5 | 20.07-29.07 | 9 НВ | 230 | 270 | 310 | 330 | 345 |
| 6 | 29.07-07.08 | 9 НВ | 230 | 270 | 310 | 330 | 345 |
| 7 | 07.08-16.08 | 9 НВ | 230 | 270 | 310 | 330 | 345 |
| 8 | 16.08-25.08 | 9 НВ | 220 | 270 | 300 | 320 | 335 |
| 9 | 25.08-01.09 | 7 НВ | 180 | 210 | 250 | 275 | 295 |
| 10 | 01.09-08.09 | 7 НВ | 170 | 205 | 240 | 265 | 285 |
| 11 | 08.09-15.09 | 7 НВ | 160 | 190 | 230 | 250 | |
* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ
9 или 7 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз
– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
– Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 45 евра) за сместување во 1/3 соба
– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во 1/4 соба
-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
– Дете до 5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра )
-доплата за еднокреветна соба 70%
*Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица.
* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.
Поаѓање за Црна Гора:
Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)



