ХОТЕЛ МЕЛБУРН ПАРАЛИЈА

Хотел Мелбурн- Паралија

 

Хотел Мелбурн се наоѓа на 250м од плажа. Располага со 1/4 апартмани кои се опремени со одвоена спална (со брачен кревет или два одвоени кревети) и кујна во која има дополнително има една или две софи кои се пуштаат и купатило. На најгорниот кат хотелот има и 1/2 студија (без кујна) кои имаат сопствено купатило, клима, телевизор и фрижидер. Сите соби располагаат со ТВ, клима уред, Wi-Fi и тераса. Хотелот поседува и лифт.

 

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четврто лице гратис сместување во апартман!!!

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

  • За патување со сопствен превоз од цената се намалува 10 евра по лице
  • Доплата за превоз (45 евра за возрасни, 35евра за деца до 12год)
  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.   Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот  на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.  Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седиштата 1 и 2 )
  • Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
  • За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7одобруваме 10% попуст на вториот аранжман.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
  • Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,ТА Феријал Кашиков не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
  • Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди