Вила ПАВЛОС

Вила ПАВЛОС

 

Глобалниот тренд на уникатни сместувачки капацитети не поттикна да ви овозможиме
сместување на Скијатос кој ќе ги опфати сите три димензии на летниот одмор. Почнувајќи од спор
летен одмор покрај базен кој го краси медитеранскиот дворот на нашата вила, организиран
безбеден секојдневен превоз до најпознатите песочни плажи кои ги посетувале светски
реномирани имиња па се до посета на локалните атракции во Скијатос кои се на само неколку
минути пеш од вилата.
Островот Скијатос и вила Павлос ќе ви дадат една поинаква перцепција на вашиот летен одмор.
Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според
нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот
аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.
Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да
одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.
Tие кои си резервираат по промо цени, летуваат поевтино. Секоја година нудиме ниски цени за
така и оваа со цени од 79 eвра за 7 ноќевања. За вас имаме 17 термини, од почеток на јуни до крај
на септември за лето 2022 на островот Скијатос.

Teрмини Редовни цени
26.05 – 02.06.2022 101 €
02.06 – 09.06.2022 110 €
09.06 – 16.06.2022 122 €
16.06 – 23.06.2022 133 €
23.06 – 30.06.2022 153 €
30.06 – 07.07.2022 193 €
07.07 – 14.07.2022 225 €
14.07 – 21.07.2022 255 €
21.07 – 28.07.2022 255 €
28.07 – 04.08.2022 255 €
04.08 – 11.08.2022 255 €
11.08 – 18.08.2022 255 €
18.08 – 25.08.2022 255 €
25.08 – 01.09.2022 225 €
01.09 – 08.09.2022 199 €
08.09 – 15.09.2022 155 €
15.09 – 22.09.2022 130 €
22.09 – 29.09.2022 110 €

Во цената на аранжманот е вклучено:
-7 ноќевања – 8 дена на во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Дополнителeлни 30€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос –
Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при
пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате
кај газдите на вилите
-Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Напомени:
 За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот
користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
 За споен термин се сметат две суми од промо цените.
 За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
 Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
 Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
 За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на
редовните цени(ова не важи за промо цените ).
 Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда.
Секој четврток прв ден од одмор
 Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација.
Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline),
резервацијата се смета за откажана.
 Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата.
 За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната
цена.
 Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
 Активните попусти не се комбинират со други попусти
 Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
 Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
 Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација,
организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
 Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
 Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
 Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари

 Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е
број на легла.
 Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со
двајца возрасни
 При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 10:00ч по локално време.
 Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи
повторно од причини што се чисти за наредната смена.
 Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
 Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
 Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната
стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и
самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква
одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
 Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
 Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како
резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во
име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и
за целосната уплата.
 Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
 Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
 Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute,Black
Friday или промо понуда,  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се
разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
 Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на
средства за разлика во цена.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Следете не за актуелните патувања

Феријал Кашиков Штип

Феријал Кашиков Скопје