Хотел Милениум Палас
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот на Охридско Езеро, на само 500м од центарот на Охрид. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото.