Куќа „Дионисиос апартментс“ – Дионисиос
Куќа „Дионисиос апартментс“ е лоцирана на 40-50 метри од морето и песочната плажа, во мирен дел на Дионисиос. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на вториот и на третиот кат од куќата се целосно реновирани пред летото 2018 и лето 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата, странично и директно кон морето.
Напомени и услови:
- Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
- Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на студио или апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
- Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
- Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
- Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
- Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
- Феријал Кашиков не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените Феријал Кашиков и на самата агенција.