Куќа „Флегос“ – Фурка
Апартманскиот комплекс „Флегос“ иако се наоѓа во центарот на Фурка на 150 метри од плажа, изолиран е во апсолутен мир и тишина. Околу објектот има слободни места за паркинг. Располагаме со неколку апартмани кои се реновирани 2020 година, сите се квалитетно уредени, со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет и големи тераси. Има прекрасен двор со зеленило и скара. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
25.5 – 1.6 | 7 | 99 x 2 | 55 x 2 |
1.6 – 8.6 | 7 | 139 x 2 | 55 x 2 |
8.6 – 15.6 | 7 | 159 x 2 | 55 x 2 |
15.6 – 22.6 | 7 | 219 x 2 | 55 x 2 |
22.6 – 29.6 | 7 | 249 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –
Термин | Ноќевања | Трикреветен Апартман | Четирикреветен апартман |
29.6 – 6.7 | 7 | 490 | 560 |
6.7 – 13.7 | 7 | 525 | 595 |
13.7 – 20.7 | 7 | 560 | 630 |
20.7 – 27.7 | 7 | 595 | 665 |
27.7 – 3.8 | 7 | 595 | 665 |
3.8 – 10.8 | 7 | 595 | 665 |
10.8 – 17.8 | 7 | 595 | 665 |
17.8 – 24.8 | 7 | 595 | 665 |
24.8 – 31.8 | 7 | 560 | 630 |
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
31.8 – 7.9 | 7 | 239 x 2 | 55 x 2 |
7.9 – 14.9 | 7 | 219 x 2 | 55 x 2 |
14.9 – 21.9 | 7 | 159 x 2 | 55 x 2 |
21.9 – 28.9 | 7 | 139 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3,100 денари (50 евра) За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување.
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
- Туристичката такса изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција.