Куќа „ЈОРГОС“ – Дионисиос

Куќа „Јоргос“ – Дионисиос

Куќа „Јоргос“ е лоцирана кон крајот на Дионисиос во мирна уличка, на околу 100 метри од песочната плажа. Околу неа има слободни места за паркинг. Располагаме со неколку апартмани од кои еден е дуплекс апартман, што подразбира дека и двокреветните и трикреветните единици се со одвоена спална соба од комплетно опремената кујна. Истите се реновирани и убаво, квалитетно опремени. Дуплекс апартманот се состои од две одвоени спални соби со по еден брачен – француски кревет и две тераси, како и голема кујна во трета просторија. Сите имаат ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
19.5 – 26.5 7 109 55
26.5 – 2.6 7 139 55
2.6 – 9.6 7 159 55
9.6 – 16.6 7 179 55
16.6 – 23.6 7 199 55
23.6 – 30.6 7 219 55

– Задолжитено плаќаат 4 лица во дуплекс апартманот –

 

 Сезонски цена (објавени за наем на мезонета за 7 ноќевања)

Термин Ноќевања Двокреветен апартман Трикреветен апартман Четирикреветен дуплекс апарт.
30.6 – 7.7 7 350 455 525
7.7–14.7 7 385 490 560
14.7 – 21.7 7 420 525 630
21.7– 28.7 7 455 560 700
28.7 – 4.8 7 455 560 700
4.8 – 11.8 7 455 560 700
11.8 – 18.8 7 455 560 700
18.8 – 25.8 7 455 560 700
25.8 – 1.9 7 420 525 630

 

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
1.9– 8.9 7 219 55
8.9–15.9 7 199 55
15.9–22.9 7 159 55
22.9 – 29.9 7 109 55

– Задолжитено плаќаат 4 лица во дуплекс апартманот –

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
  • Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
  • Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  • Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
  • Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
  • Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
  • Феријал Кашиков не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Феријал Кашиков  и на самата агенција.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди