Хотел Аквалина 4*

Хотел Аквалина

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан.Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба. Хотелот располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.  Хотелот располага со сопствена плажа во чиј состав работи и бар со капацитет каде во секое време можете да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика. Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце и во летниот период е обезбедена со професионални спасувачи на вода. Гостите можат да уживаат и во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири. Бар услугата е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.

Располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, 1 терен за голем фудбал.

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди