Вила ,,ANTONIO” – Лептокарија

Вила Антонио Лептокарија

Вила Антонио е комплетно нова и модерно опремена вила во Лептокарија . Во летото 2016 година ги прими првите туристи. Се наоѓа во најатрактивниот дел на Лептокарија, на околу 100м од песочната плажа и 150м од центарот на градот.        Вила Антонио е дестинација за сите генерации и семејства со деца. Во близина на вилата има супер маркет, пекара и разни други продавници.  На приземјето има хол со софа за седење, тоалет и мини кујна, кои се достапни за гостите на денот на поаѓање. Можно е паркирање на паркингот позади вилата.
-Клима со доплата од 5 евра

  • 15 % попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2023 за вон сезонски цени (јуни исептември)
  • 10 % попуст за резервации и уплати до 31.12.2023 на сезонски цени (јули и август)*попустот не важи за промо цени

 

термин ноќи 1/4 студио 1/4+1 студио
24.05.2024 9 120 промо 130 промо
02.06.2024 7 175 185
09.06.2024 7 230 240
16.06.2024 7 270 280
23.06.2024 7 310 320
30.06.2024 7 350 360
07.07.2024 7 399 409
14.07.2024 7 419 429
21.07.2024 7 429 439
28.07.2024 7 450 460
04.08.2024 7 450 460
11.08.2024 7 419 429
18.08.2024 7 399 409
25.08.2024 7 360 370
01.09.2024 7 330 340
08.09.2024 7 299 309
15.09.2024 7 270 280
22.092024 7 175 185

GPS Kordinati :  40.06216, 22.56567

 

1/4  СТУДИО БР  4 – се наоѓа на приземје.Располага со два  брачни кревети грчки стандард и можност за дополнително легло (фотелја) на расклопување,кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, WC, клима и ТВ.Студиото излегува на дел од дворот кој го користат гостите од студиото.

Услови под кои важи аранжманот
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.
  • Доплата на туристичка такса 1.5 еур на студио од ноќ (се плаќа во Агенција )
  • Користењето на клима-уред, (5 евра на ден)во студио.
  • WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме)

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.780 мкд. (45евра) и за деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман .
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница  се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница  е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „ Феријал Кашиков“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Т.А. „ Феријал Кашиков“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. „ Феријал Кашиков“ и на самата агенција.

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди