Вила “ARITI” Паралија

 ХОТЕЛ АРИТИ – Паралија 2025

Хотелот Арити се наоѓа на само 200 метри од песочната плажа на Паралија, наспроти паркот со фонтани и објекти за забава, а во непосредна близина се наоѓа и маркетот ЛИДЛ. Располага со 30 соби, рецепција и кафетерија, во која гостите можат бесплатно да користат безжичен интернет. Собите се опремени со САТ ТВ, клима уред, телефон, како и мини-кујна со основен прибор, сопствен тоалет и тераса (користењето на клима уредот се наплаќа на лице место). Поради завидната локација, комбинацијата на сместување со опремена кујна и хотелска услуга, како и одличната цена го прават овој хотел традиционално чест избор за летување на голем број туристи.

Детален опис на собите:
Двокреветни студија со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет во склоп на кујната.
Трокреветни студија со 1 дупли кревет и еден единечен или 3 единечни кревети во склоп на кујната.
Четирикреветни студија со 2 дупли кревети во склоп на кујната.
Двоспален апартман со две затворени спални, една со 2 единечни кревети и една со 2 дупли кревети одвоени со кујна.

 

  Tермин 01.06. 08.06 15.06 22.06 29.06 06.07 13.07 20.07.
Студио   1/2 180 еур 199 еур 238 еур 258 еур 278 еур 318 еур 332 еур 342 еур
 Студио   1/3 200 еур 219 еур 258 еур 278 еур 298 еур 338 еур 352 еур 362 еур

 

Термин 27.07 03.08 10.08 17.08 24.08 31.08 07.09 14.09
Студио   1/2 342 еур 342 еур 342 еур 342 еур 298 еур 272 еур 252 еур 139 еур
Студио   1/3 362 еур 362 еур 362 еур 362 еур 318 еур 292 еур 272 еур 159 еур

Во цената е вклучено:

– наем на студио/апартман за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 1,5 € по соба од ден (се плаќа во агенција)

Попусти:
– деца до 2 години: бесплатно(без седиште)
– деца од 2 до 6 години: само превоз 30 €
– деца од 6 до 12  години: 50% попуст
– трето лице во трокреветна соба и петто/шесто лице во дуплекс:50% попуст

– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
– за само лице во соба со превоз плаќа една редовна цена и плус 50 % од цената за наем на студио

 Само превоз (повратно):
– деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 30 €
– возрасни: 45 €

Напомени:

-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
– Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
– Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
-Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
-уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди