Вила Центар-Калитеа 2024
Вила Центар се наоѓа во центарот на Калитеа, на самото шеталиште.Добрата локација на објектот овозможува брза достапност на гостите до плажа (200 метри) и до голем број супермаркети, продавници и ресторани. Препорачлива е за сместување гости кои уживаат во ноќните забави и живите прошетки во местото. Студијата се комплетно опремени со мини кујна, телевизор, клима уред, тераса и купатило.Вилата поседува и бесплатен безжичен интернет, додека користењето на клима уредот се плаќа на лице место.Калитеа важи за место со прекрасна природна идила со зеленило и плажи со бел песок и кристално бистра вода.
Во цената е вклучено:
– наем на студио/апартман за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 1,5 € по соба од ден (се плаќа во агенција)
– клима 5 еур од ден(на лице место)
Само превоз (повратно):
– деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 30 €
– возрасни: 45 €
Напомени:
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
- Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)