Вила “ISI LUX”  Неа Потидеа

Вила “ISI Lux”  Неа Потидеа

 

 Вила “ISI Lux се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет. Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година

 

Early Booking – Leto 2023

 10% попуст за целосна уплата до 01.02.24   |     5% попуст за целосна уплата до 01.03.24

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;
–  Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
–  Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
–  Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица;
–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
–  Превоз од: Штип / Струмица / Скопје / Куманово / Велес / Гевгелија;
– Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги
остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за последниот термин.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
–  Доплата за туристичка такса -1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди