Вила ,, OLYMPIA” – Неи Пори

VILLA OLYMPIA – НЕИ ПОРИ

Villa Olympia е лоцирана на околу 250м од големата песочна плажа, во третата линија на објекти и непосредна близина на кружниот тек во стариот дел на Неи Пори. Како објект, таа се карактеризира со убаво организиран двор, како и со повеќе различни единици и капацитети за сместување. Студијата и апартманите се наменети за сместување на 2 до 4 лица на гости и истите се распоредени на вториот и третиот кат од објектот. Секое студио и апартман има соодветна опрема на мебел и мини кујна, бања со тоалет, тераса, ТВ и клима уред (со доплата), како и WiFi интернет. Паркингот за патнички возила, е можен во близина на објектот.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– За употреба на клима уред (ac+) во OLYMPIA се доплатува во објектот (5€/ден, каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

 


ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Втор кат 
– Студио бр.6, тип 1/2+exb  (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден единечен со широчина 90 cm)
– Апартман бр.7, тип 1/2+2  (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
– Апартман бр.9, тип 1/2+2  (еден брачен кревет со широчина 150 cm и два единечени со широчина 90 cm)
– Апартман бр.10, тип 1/3+exb  (еден брачен кревет со широчина 120 cm и еден брачен со широчина 120 cm)
Трет кат
– Студио бр.11, тип 1/2+2  (еден брачен кревет со широчина 120 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
– Студио бр.12, тип 1/3+exb  (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден брачен кревет со широчина 110 cm)
– Студио бр.13, тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
– Студио бр.14, тип 1/3+exb  (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден брачен кревет со широчина 120 cm)
– Студио бр.15, тип  1/2  (еден брачен кревет со широчина 150 cm )
Студијата се опремени со кујна (мини или голем фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење со вентилација. Балкон со маса и столици.
Студио број 11/12/13/15/14 се опремени со мини фрижидер со комора за замрзнувања.
Студио број 6/7/9/10  се опремени со голем фрижидер со комора за замрзнување.
Студиата бр.7/9/10 имаат кујна која е одвоена од соба.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди