ВИЛА ПАЛМА БЕЧИЧИ

ВИЛА ПАЛМА – Бечичи

 

ВИЛА ПАЛМА се наоѓа на 250 м од плажа во непосредна близина на хотелот Бела Виста.  Вилата располага со 1/2 и 1/3 соби како и  1/3 и 1/4 студија. Студијата се со  мини кујна, сопствено купатило, клима, тв, тераса. Собите се со сопствено купатило, клима, тв, фрижидер, тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот Палма каде гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Вилата нема сопствен паркинг. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

 

 

 

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

9 пoлу пансиони ( појадок и вечера) со вклучен превоз !!!

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот, за сместување во 1/4 соба

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 70% од цената на аранжманот, за сместување во 1/3 соба

-Попуст за лица над 12год – 20% попуст

– Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна– ГРАТИС (доплата за превоз 25 евра)

* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.

* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.

* Во цената не е вклучена туристичка такса 10 евра која се плаќа во агенција

 

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје “Борис Трајковски” – 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

НАПОМЕНА

  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • ТА Феријал Кашиков не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50% од сумата е неповратна а вториот дел од 50% се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди