Вила ,,SOULA” – Неи Пори

VILLA SOULA – НЕИ ПОРИ

 Villa Soula се наоѓа на околу стотина метри од песочната плажа во Неи Пори. Нејзината внатрешна организираност, се каракеризира со убаво уредени трокреветни студија, распоредени на првиот кат од објектот. Во близина на вилата се наоќаат неколку супер маркети, продавници и ресторани за потребите на бројните гости во Неи Пори. Студијата со броевите 2, 3 и 4 се ориентирани кон саната улица (предна страна од објектот) која води кон плажата, а студијата со броевите 1 и 5 се ориентирани кон задната страна на објектот и имаат поголеми балкони. Овој објект кој е во близина на големата плажата, е добар избор за оние кои претпочитаат близина до морето.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
Услови за патување во “PET FRIENDLY” објекти  

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– За употреба на клима уред (ac+) во SOULA се доплатува во објектот (5€ / ден, каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

 


ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Прв кат:  
– Студио бр.1, тип 1/3  (три единечени кревети со ширина по 100 cm)
– Студио. бр.2, тип 1/3 (три единечени кревети со ширина по 100 cm)
– Студио бр.3, тип 1/3  (три единечени кревети со ширина по 100 cm)
– Студио бр.4, тип 1/3  (три единечени кревети со ширина по 100 cm)
– Студио бр.5, тип 1/3  (три единечени кревети со ширина по 100 cm)
Сите студија се опремени со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, елементи во кујна под лабаво и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети).  Прозорите имаат завеси и балконот има тенда. Тоалетот е со туш када за стоење.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди