Вила “Zoi 2“ Скијатос

Вила “ Zoi 2” СКИЈАТОС

 На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна. Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.  Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.  Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Вила Zoi 2 располага со 4 студиа трокреветни и четворокреветни и еден апартман за 4 лица со една одделна спална и кујна. Секое студио има затворена тераса, сопствен тоалет, клима, мини фрижидер и кујна. Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти.Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

 

Термин 1/4 студио
1/2+2 студио
1/3
22.05.-29.05.2025 82 88
29.05.-05.06.2025 90 100
05.06.-12.06.2025 104 116
12.06.-19.06.2025 116 140
19.06-26.06.2025 140 159
26.06.-03.07.2025 159 172
03.07.-10.07.2025 159 183
10.07.-17.07.2025 159 199
17.07-24.07.2025 159 199
27.07.-31.07.2025 159 199
31.07.-07.08.2025 159 199
07.08.-14.08.2025 159 199
14.08.-21.08.2025 159 199
21.08.-28.08.2025 159 175
28.08.-04.09.2025 143 159
04.09.-11.09.2025 132 151
11.09.-18.09.2025 116 127
18.09.25.09.2025 92 103
25.09-02.10.2025 82 88

Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор

 

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 2 (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот

 

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 10.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

 

Важно

  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%. Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време. Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Ескејп травел како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди