Вила ,,TULA” – Неи Пори

ВИЛА ТУЛА – НЕИ ПОРИ

GPS Kordinati: 39.97393, 22.65581
 Вила ТУЛА  се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори, на околу 200 метри од плчажа. Располага со 7 соби од кои студија 1/2, студија 1/3,  студија 1/4 и  дуплекс 1/3+1/2. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, тоалет, ТВ и WI-FI интернет – БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме). Користење на клима уредот е со доплата 5 евра на ден за студио и 8 евра на ден за дуплекс. Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ за студио.

 

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември
Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање

                              

термин ноќи 1/2

приземје

бр.4

1/2+1

приземје

бр.1

1/3 спрат

бр.5

1/4 приземје

бр.2 и бр.3

1/4 спрат бр.8

1/4 спрат

бр.6

 

 1/3+1/2

Дуплекс бр.7

25.05.2025 7 80 промо 100промо 100 промо 110  промо 120промо 150  промо
01.06.2025 7 125 145 160 170 180 199
08.06.2025 7 190 210 240 260 270 300
15.06.2025 7 260 280 310 330 340 410
22.06.2025 7 300 320 350 370 380 450
29.06.2025 7 320 340 380 390 400 490
06.07.2025 7 350 370 410 420 430 560
13.07.2025 7 370 390 430 440 450 560
20.07.2025 7 370 390 430 440 450 560
27.07.2025 7 390 410 450 460 470 580
03.08.2025 7 390 410 450 460 470 580
10.08.2025 7 370 390 430 440 450 560
17.08.2025 7 360 380 420 420 440 550
24.08.2025 7 330 350 370 380 400 500
31.08.2025 7 290 310 360 370 380 450
07.09.2025 7 200 220 270 280 280 350
14.09.2025 7 150 170 190 200 200 300
21.09.2025 7 100 120 140 150 160 200

Цените во табелата се дадени за наем на студио / апартман за 7 ноќи.

 

1/2 СТУДИО БР.1 – Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од  десната страна при  влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има  два поединечни кревети и има врата за на терасата.

1/4 СТУДИО БР.2 – Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во  самата вила. Кујната е   одделена  од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со два дупли кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/4 СТУДИО БР.3 – Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во  самата вила. Кујната е   одделена  од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер. Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети. Од собата се излегува на терасата. Има сопствено WC.

1/2 СТУДИО БР 4 – Се наоѓа на приземје, има  дел од дворот кој се користи како тераса Во влезот на студиото  се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер, има сопствено мало WC, од кујната се влегува во собата каде има  два поединечни кревети и има врата за на  терасата која гледа во соседната куќа (ѕид).

1/3 СТУДИО БР.5 – Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса и WC.  Студиото располага со 3 единечни кревети  и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем  фрижидер.

1/4 СТУДИО БР.6-  Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопатвена тераса и WC  Студиото располага со еден дупли и два единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем  фрижидер.

1/5 ДУПЛЕКС БР.7 –  Се наоѓа на првиот кат од вилата има долга тераса на која се излегува од двете спални и од кујната. Кујната се наоѓа во ходникот на дуплексот помеѓу двете спални соби и е оремена со решо и голем  фрижидер . Дуплексот има сопствено  WC. Во едната спална има 1 дупли и 1 единечен кревет, а во другата спална соба има 2 единечни  кревети и ТВ. Во дуплексот има 2 клими по една во секоја спална соба .

1/4 СТУДИО БР.8 – Се наоѓа на првиот кат во вилата, има сопствена тераса која гледа во соседната куќа (ѕид), WC. Располага со 3 единечни кревети  и во истата просторија се наоѓа и кујната  опремена со решо и голем  фрижидер.

 

За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Т.А. „ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување.

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди