Вила ,,VASO” – Лептокарија

VILLA VASO – ЛЕПТОКАРИЈА

Villa Vaso се наоѓа во средишниот дел на Лептокарија во близина на плоштадот, зелениот парк и пешачката зона на градот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат мноштво продавници, ресторани и пекари, неопходни за време на летниот пресој. Лоцирана покрај улицата која од железничката станица води до неколкуте големи супер маркети, за гостите со сопствен превоз е лесно поврзана со сите делови и плажи на градот. За оние кои пристигнуваат со организиран превоз, патеката од околу седумстотини метри до најблиската градска плажа, води низ преминот кај  железничката станица и улицата која излегува на неа. Во својот состав вилата располага со четири комфорни трокреветни студија на првиот кат, сите опремени со балкони, мини кујни, тоалети, мебел, ТВ и клима уред. Во убаво уредениот двор, на располагање на гостите се и покриената тераса со скара, гарнитура за седење, како и летен тоалет со туш кои се погодни во деновите на смена на групите. Паркирањето на возилата е можно на самата улица пред вилата.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

 *Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

  • Цените се однесуваат по соба на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во VASO се доплатува во објектот (5€/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди