Вила“ ZAFIRIA” Полихроно

Вила ЗАФИРИЈА ПОЛИХРОНО

 

Вилата ЗАФИРИЈА се наоѓа во мирен дел на само неколку минути од центарот и 150 метри од плажа.  Реновирана во 2019 година. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна, бања, балкон, ТВ,  WiFi (од 01 Јуни) и клима уред, вклучена во цената.

Студио бр.2 и бр.3 – двокреветно студо, брачен кревет, на 1кат.
Студио бр.6 и бр.7 – трикреветно студио, брачен и единечен кревет, на 2кат.
Студио бр.Б – четворокреветно студио, 4 единечни кревети, на приземје.
Апартман бр. А – трокреветен апартман со две соби, брачен во спална, единечен во кујна, на приземје.
Апартман бр. 1 и бр.4 – трокреветен апартман со две соби, брачен во спална, единечен во кујна, на 1кат.
Апартман бр.5  – трокреветен апартман со две соби, 2 единечни во спална, единечен во кујна, на 2кат.
Апартман бр.8 – четворокреветен апартман, брачен во спална, два единечни во кујна, на 2кат.

 

 15% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 10.12.2024 до 18.01.2025 (минимум уплата од 50% и доплата до 31.02.2025)

 

ТЕРМИН НАЕМ 1/2 СТД 1/3 СТД 1/4 СТД 1/3 АПП 1/4 АПП
25.05 7 ноќи *129 € *129 € *129 € *129 €
01.06 7 ноќи *139 € *139 € *139 € *139 €
08.06 7 ноќи *149 € *149 € *149 € *149 €
15.06 7 ноќи 370 € 400 440 500
22.06 7 ноќи 400 € 440 € 470 € 550 €
29.06 7 ноќи 420 € 460 € 500 € 600 €
06.07 7 ноќи 450 € 490 530 620
13.07 7 ноќи 490 € 550 590 € 690 €
20.07 7 ноќи 490 € 550 590 € 690 €
27.07 7 ноќи 490 € 550 590 € 690 €
03.08 7 ноќи 490 € 550 590 € 690 €
10.08 7 ноќи 490 € 550 590 690
17.08 7 ноќи 490 € 550 590 € 690 €
24.08 7 ноќи 440 € 480 520 620
31.08 7 ноќи 400 € 440 460 530
07.09 7 ноќи 330 € 370 400 450
14.09 7 ноќи 280 € 300 350 400
21.09 7 ноќи 260 € 280 € 300 340

 

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ГРАТИС ПРЕВОЗ, ПОПУСТИ СЕ ПРЕСМЕТАНИ

 

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2 и 1/3 СТУДИО/АПАРТМАН, ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 СТУДИО/АПАРТМАН И ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди