VILLA ,,HARA” – ПЕФКИ, ЕВИА

VILLA HARA – ПЕФКИ, ЕВИА

Villa Hara e добар објект за сместување, лоциран во внатрешниот дел на местото и со оддалеченост од околу 150м од шеталиштето и песочната плажа на Пефки. Во својот состав располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија за сместување, сите опремени со мини кујна и соба со соодветен мебел за престој на две или три лица. Мирното опкружување на објектот нуди можност за пријатен престој во текот на летните месеци, а близината до плажата и останатите туристички содржини, сосема поволна можност за одличен летен одмор.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

ЦЕНОВНИК | ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2024

 

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК | НАЕМ – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ | ЛЕТО 2024

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен)

Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Цена на повратен автобуски превоз: 65 EUR (45 EUR за дете 02 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)

– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)

– Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)

Поаѓање од Грција:

– Истиот ден попладне.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);

* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор

* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.

* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;

* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите

* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.

* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. Секоја промена на резервација се наплатува 10€.

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.

Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање

* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.

* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот

за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за

пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !

Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:

– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%

– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%

– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%

– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%

– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,

доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди