Villa “STRATOS” – Пефкохори

Вила “Stratos”, се наоѓа на околу 50m од плажа, во центарот, односно на пешачката улица од единствениот мал кружниот тек во Пефкохори која води кон плажата. Вилата располага со:  3+1 апартмани со една спална соба (брачен и единечен кревет во спалната соба и единечен кревет во кујната, купатило, две тераси, единечна и аголна тараса со поглед во дворот на вилата каде и од двете соби се излегува на тераса /  3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални соби (брачни кревети во спалните соби, одделна кујна помеѓу двете соби со трепезариска маса и еден единечен кревет во кујната, голема аголна тераса со поглед кон пешачката улица на која се излегува и од двете спални соби). Сите апартмани се опремени со: кујна (со  прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, туш, големи балкони (масичка со столчиња), ТВ, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен  интернет. Гостите со сопствени возила немаат можност да паркираат пред вилата, бидејки е пешачка зона. Можно паркирање на булеварот.

   
   
   
   
   

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална /3+1/ и 5-то лице во дуплекс АПТ /3+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат во дуплекс АПТ 5-то лице – БЕСПЛАТНО;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);
  • –  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за туристичка такса  2€ од апартман од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • –  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди