Villa Zoi 1 – Остров Скијатос 2026

Вила Zoi 1 – Остров Скијатос 2026

Скијатос – остров со над 60 песочни плажи, кристално чисто море и жив ноќен живот.

За островот Скијатос

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој остров во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник „Тајмс“ неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Сместување – Вила Zoi 1

Вила Zoi 1 располага со 15 студиа, двокреветни, трокреветни и четирикреветни на прв и втор спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири, мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (не е класична кујна).

Вилата е во центарот на островот и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Вилата е оддалечена 10–15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

Распоред на студија

  • Студио бр. 1 – двокреветно, прв спрат.
  • Студио бр. 2 – двокреветно, прв спрат.
  • Студио бр. 3 – трокреветно, прв спрат.
  • Студио бр. 4 – трокреветно, прв спрат.
  • Студио бр. 5 – двокреветно, прв спрат.
  • Студио бр. 6 – двокреветно, втор спрат.
  • Студио бр. 7 – двокреветно, втор спрат.
  • Студио бр. 8 – двокреветно, втор спрат.
  • Студио бр. 9 – трокреветно, втор спрат.
  • Студио бр. 10 – трокреветно, втор спрат.
  • Студио бр. 11 – двокреветно, втор спрат.
  • Студио бр. 12 – четирикреветно, трет спрат.
  • Студио бр. 13 – двокреветно, трет спрат.
  • Студио бр. 14 – трокреветно, приземје.
  • Студио бр. 15 – двокреветно, приземје.

Ценовник по термини – Вила Zoi 1

7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице со вклучен превоз Скопје–Волос–Скијатос–Волос–Скопје).

Термин Редовна цена по лице Промо цена по лице
21.05.2026 – 28.05.2026 110 € 75 €
28.05.2026 – 04.06.2026 120 € 88 €
04.06.2026 – 11.06.2026 145 € 99 €
11.06.2026 – 18.06.2026 165 € 120 €
18.06.2026 – 25.06.2026 185 € 140 €
25.06.2026 – 02.07.2026 199 € 155 €
02.07.2026 – 09.07.2026 219 € 179 €
09.07.2026 – 16.07.2026 239 € 179 €
16.07.2026 – 23.07.2026 239 € 179 €
23.07.2026 – 30.07.2026 239 € 179 €
30.07.2026 – 06.08.2026 239 € 179 €
06.08.2026 – 13.08.2026 239 € 179 €
13.08.2026 – 20.08.2026 239 € 179 €
20.08.2026 – 27.08.2026 229 € 169 €
27.08.2026 – 03.09.2026 199 € 139 €
03.09.2026 – 10.09.2026 179 € 125 €
10.09.2026 – 17.09.2026 149 € 99 €
17.09.2026 – 24.09.2026 129 € 89 €
24.09.2026 – 01.10.2026 109 € 79 €

Цените се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс: 1 € = 62 денари.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице).
  • Автобуски превоз на релација Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
  • Туристички пратител за време на патувањето.
  • Претставник од агенција за време на престојот.

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителни 46 € – задолжителна доплата за билет за траект на релација Волос–Скијатос–Волос (се плаќа во автобус).
  • Патничко осигурување.
  • Факултативни излети.
  • Користење на клима (не е задолжително) – 7 € од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето.
  • Доплата за туристичка такса – 14 € од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително, се плаќа кај газдите на вилата).

План и програма

  • Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток.
  • Поаѓањето е секоја среда навечер, а секој четврток е прв ден од одмор.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект-компанијата.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди