Kопаоник – Хотел PUTNIK ****
Хотел Putnik 4* се наоѓа во Сончева Долина, во најубавиот дел на Копаоник, на 1650 метри надморска височина. Од хотелот до ски патека „Sunčana dolina„ постои патот низ шума. Хотелот е комплетно реновиран за сезона 2018 Проширен е и спа центарот. Располага со капацитет од 116 соби (270 легла), од кои 83 стандарни, 13 фамилијарни и 6 луксузно уредени апартмани, како и супериор вила Путник која е во склоп на хотелот и нуди 6 фамилијарни и 8 стандардни соби. Сите соби имаат wi-fi, бањарки, фен, папучи, мини бар, lcd tv, телефон, сеф. Нуди разноврсни содржини: Wi-Fi, Spa & Wellness центар, ресторан, А’la Cartе ресторан, лоби бар, игротека за деца, фитнес центар, конгресен центар, сала за состаноци, ски-гардеробер во склоп на хотелот, спортски терени, организран превоз до ски-патеките (хотел-ски-хотел).