HOTEL & SPA ZONED **** КОПАОНИК
ApartHotel & Spa Zoned 4* е модерен објект изграден во планински стил кој се наоѓа во викенд населбата на само 3,5 km од центарот на Копаоник, на регионалниот пат Копаоник – Рашка. Објектот е изграден од најквалитетни материјали и со својата архитектура и содржини целосно прилагоден за туристичка намена. Нуди 96 сместувачки единици, бесплатен бежичен интернет, релаксација во Wellness и Spa центарот (џакузи, парна бања, тепидариум, сауна, фитнес соба), хотелски бар, ресторан, пицерија, обезбеден паркинг, игротека, просторија со друштвени игри. Од сезона 2021/22 во понуда е уште еден објект Зонед 2 со уште 84 сместувачки единици како и внатрешен базен. Двата објекти се поврзани со топла врска. Хотелот се наоѓа на 1,5 км од најблиската патека – Сончева долина.