Венеција за 24-ти Мај
сега од 359 EUR 24.05-27.05.2026
Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.
Прв ден 24.05.2026 (Недела )
Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневнитечасови ја посетуваме Венеција и имамеразглед со локалниот водич. Ноќевање.
Втор ден 25.05.2026 (Понеделник)
По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Ќе ги видиме Pratto della Valle, еден од најголемите отворени плоштади во Европа, ќе уживаме на Via Umberto, главната и најдолга шопинг улица во Падова, Piazza delle Erbe, плоштадот каде започнуваат сите збиднувања, ве водатдирекно кон Piazza della Signoria, и секако уникатната Астролошка кула. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови, BENETON, местото каде спокојството и вистинскиот италијански начин на живот е најспецифичен. Мали и тесни улички, романтични кафулиња, слатки плоштади, и секако родното место на познатиот десерт, Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
Трет ден 26.05.2026 (Вторник )
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање
Четврти ден 27.25.2026 (Среда)
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:30. Летот за Скопје е во 14:15. Пристигнување во Скопје во 15:55.
Што е вклучено во цената
3 ноќевања во хотел со појадок (во Мештре)
Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
Посета на Падова и Тревизо
Локален Водич во Венеција со слушалки
Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
Превоз до наведените релации
Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса (5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Багаж над 10 КГ – информации во агенција

