Санторини – 24ти МАЈ

Санторини 24ти МАЈ

1 ДЕН 21.05.2024 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку

гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН 22.05.2024 ПИРЕА – САНТОРИНИ 

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. Препорачуваме посета на Фира балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на Санторини. Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некоја од автентичните ресторани во Фира. , највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина( една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН 23.05.2024 САНТОРИНИ – АКРОТИРИ-МЕГАЛОХОРИ-ФИРА

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичното и   живописно селце – Мегалохори … Продолжуваме кон Фира, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на островот, воедно и главен град на островот. Слободно време за индивидуални прошетки, фотографирање и ручек во некоја од многубројните таверни. Враќање во хотел во попладневните часови.Ноќевање.

4 ДЕН 24.05.2024 САНТОРИНИ – ПИРГОС – OIA

Појадок. Ексурзијата започнува со посета на Пиргос највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина( една од петте на островот). редлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.  Во договорено време заминуваме накај Oia,најбајковитото село на Санторини, посебно познато по најубавиот залез на сонцето….  Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН 25.05.2024 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите.  Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

 

6 ДЕН 26.05.2024 СКОПЈЕ 
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 30.03.2024 : 269/ 16.680 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299/ 18.540 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел Iliada&Odysseas 4* во Периса
  • -организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултатувни излети и програми
  • Вечерна посета на Фира – 20€
  • Посета на Пиргос и Oia (Иа), залез на сонце – 40€
  • Full day Santorini – (превоз + водич) 50€
  • Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј ( превоз+резервација +влезница за винарија+презентација и дегустација +водич) – 30€

 

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 130 Еур по лице 

  • еднокреветна соба 4.200 денари
  • задолжително патничко осигурување 300 денари
  • Туристичка такса ( 6 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)
  • Доплата за седиште по избор 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Феријал Кашиков
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди