БЕЛГРАД И НОВИ САД

БЕЛГРАД И НОВИ САД

1 ден  12.10.2024 (сабота) Штип / Скопје –  Белград

Поаѓање во 02.00 часот од Штип, паркинг пред Новата Пошта , во 03.15 часот од Скопје, пред хотел Континентал. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Теразије. Сместување во хотел. Слободно време и можност за индивидуална посета и разглед на Белград на вода во чиј состав е еден од најголемите шопинг центри Галерија. Ноќевање.

2 ден 13.10. 2024 (недела)  Белград – Скопје / Штип

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Поаѓање за Нови Сад. Нови Сад е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. По посетата, слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје /Штип  во  доцните вечерни часови.

 

РЕДОВНА ЦЕНА: 99 € / 6.138,00 мкд

ПРОМО ЦЕНА79 € / 4.898 мкд (за уплатa до 05.09)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со високо туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Белград
  • разглед на Белград со локален водич
  • организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
  • патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
  • факултативна посета Нови Сад -20 евра
  • влезници за културно-историски споменици
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

 

За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!

        Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди