Еднодневна – КАВАЛА 24 МАЈ

Еднодневна – КАВАЛА 24 МАЈ

 

24.05.2024 (петокСкопје/Штип/Радовиш/Струмица –  Кавалa

Поаѓање во 03.00 часот од Скопје, во 04.00 часот од Штип  и во 05.00 од Струмица за Кавала. Пристигнување во Кавала слободно време и разглед на еден од најубавите грчки градови покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината, оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште.

Посета на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша,  кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј, како и симболот на Кавала-аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Штип/Радовиш/ Струмица во доцните вечерни  часови.

 

цена: 1.450,00 денари за поаѓање од Штип, Радовиш и Стурмица

цена: 1.750,00 денари за поаѓање од Скопје и Куманово

  

Во цената  на аранжманот e вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • разглед на Кавала
  • придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување
  • влезници за културно- историските споменици
  • Доплата за тргнување од Скопје 300 денари

 

 

 За реализација на аранжманот е потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на ТА.Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди