Вила Aquarelle – Ормос Панагијас 

Вила Aquarelle- Ормос Панагијас 

Ормос Панагијас е мало место на источниот брег на Ситонија. Името го добива по црквата посветена на Света Богородица (на грчки Панагија) која е зачувана уште од периодот на Византија.  Делот покрај плажата е идеален за сите оние кои сакаат да имаат мирен семеен одмор бидејќи токму тука има убави места за уживање, разни градини и игралишта за деца. Плажата Трани Амуда е една од главните причини поради кои треба да појдете на летување во Ормос Панагиас. Оваa плажа е една од најубавите плажи на вториот крак и има сино знаме! Самото место е многу мирно, совршено за сите оние кои бараат вистинска релаксација, без метеж и сообраќај, идеално за парови и семејства со деца кои сакаат совршени плажи.

Вила Aquarelle

Вилата е нова, од 2021 година и се наоѓа на 450m  од плажа, а од центарот на Ормос Панагиас е на 5 минути пешачење. Сите студиа се 1/2-за 2 лица и се на прв и втор спрат, имаат два единечни кревети, мини фрижидерче и тоалет. Секое студио има тераса. Пред вилата има простор за паркирање.

 

 Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во вила Aquarella (наем)
-користење на клима и Wi-Fi

 

Што не е вклучено во цената

-Автобуски превоз – 50 евра по лице, за деца до 11,00 години 40 евра
-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци

 

Важно

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 0,5 еур по студио/апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра ЗА НАЕМ, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.

 

 

 

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди