Хотел Белведере – Остров Скијатос
Хотелот Белведере на Скијатос се нови и модерни двокреветни соби во главната хотелска зграда и приватни бунгалови сместени веднаш до главната хотелска зграда кои нудат фасцинантен поглед кон заливот Ахладис и Егејското Море. Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и реклреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос. Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет. Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.
Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариес и до градчето ќе најдете еден куп ресторани и таверни. Центарот на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.
Термин | 1/2 bungalow | 1/2 studio sea view | 1/2 studio garden vie |
22.05-29.05 | 155 | 180 | 170 |
29.05-05.06 | 195 | 220 | 210 |
05.06-12.06 | 196 | 270 | 260 |
12.06-19.06 | 285 | 310 | 300 |
19.06-26.06 | 340 | 365 | 355 |
26.06-03.07 | 400 | 425 | 415 |
03.07-10.07 | 430 | 455 | 445 |
10.07-17.07 | 430 | 455 | 445 |
17.07-24.07 | 430 | 455 | 445 |
24.07-31.07 | 430 | 455 | 445 |
31.07-07.08 | 430 | 455 | 445 |
07.08-14.08 | 430 | 455 | 445 |
14.08-21.08 | 430 | 455 | 445 |
21.08-28.08 | 375 | 400 | 390 |
28.08-04.09 | 305 | 330 | 320 |
04.09-11.09 | 235 | 260 | 250 |
11.09-18.09 | 175 | 200 | 190 |
18.09-25.09 | 165 | 190 | 180 |
25.09-02.10 | 165 | 190 | 180 |
Цените во табелата се изразени во евра по лице
Што е вклучено во цената
-7 ноќевања со појадок во хотел Белведере (цени по лице)
-Користење на базенот
-Користење на клима
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Целосна логистика при сместување и одјавување
-Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
-Туристички пратител за време на патувањето
Што не е вклучено во цената
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Доплата за туристичка такса 10 евра од соба од ден
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
-Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените
Важно
- За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
- За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
- Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
- Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
- Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
- Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
- За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
- Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
- Активните попусти не се комбинират со други попусти
- Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
- Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
- Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
- Доплата за туристичка такса 10 евра е од ден ( Се плаќа во хотел)
- Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
- Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
- Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
- Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
- При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
- Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот на услугите .
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
- Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
- Објектот располага со 1/2 на приземје и кат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.