VILLA EFTIHIA – ПАРАЛИЈА
Пријатен објект за сместување со добра локација, погоден за сите возрасни групи и за семејства со деца. Сместувањето е во апартмани за 2 до 4 лица, опремени со чајна кујна со основна опрема, бања со туш, балкон, интернет и клима уред (со доплата на лице место од 6€ /ден). Објектот е на три ката и има лоби, тераса и лифт. Локација: Во близина на центарот, на втората улица од морето и 100 m од широката песочна плажа. Во околината се достапни супер маркети, фурни, продавници за сувенири, облека и летни реквизити. На плажата има барови со лежалки и чадори со доплата
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА
*Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
*Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Употребата на клима уред во EFTIHIA се доплаќа ( 6 € на ден).
-Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 06:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
– Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .