РУСИЈА ВЕЛИГДЕН 2026, Moscow
Моќна, мистична и бескрајна
Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските
палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа
огромна земја. Велигден е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните храмови
блескаат во светлина, а градовите живеат во празничен ритам.
Москва – со својата строга величенственост и динамичност;
Санкт Петербург – со својата елеганција, романтика и уметничка душа, ќе ве поведат на патување низ
царската историјата, уметноста и верата. Патување што се памети цел живот.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 6 ноќевања
1 ден (10.04.2026) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА
Состанок на групата два часа пред поаѓањето, на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со
авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнување во 11:20 часот и
продолжување кон Москва со лет TK411 во 19:10 часот. Слетување на аеродромот во Москва во 23:10часот по
локално време. По завршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот и сместување.
Првата вечер во руската престолнина ќе ви овозможи да го почувствувате пулсот на градот што никогаш не
мирува – Москва, метропола која ги спојува царската историја и модерниот дух. Ноќевање.
2 ден (11.04.2026) МОСКВА – Град на Империјата (Бородинска Битка, Московско метро)
Појадок во хотелот. Денот започнува со автобуско панорамско разгледување на Москва – срцето на руската
држава и култура. Ќе го видиме монументалниот Црвен Плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажени,
познатиот Бољшој театар, Храмот на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, како и
универзитетот „Ломоносов“ и величествениот Парк на победата. Слободното попладне е можност за
дополнително откривање на градот или предлагаме факултативна посета на музејот Бородинската битка,
посветен на славната војна со Наполеон од 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамата –
огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките
моменти на војната на Бородинското поле Вечерта – факултативна прошетка низ магичното московско метро,
вистински подземен музеј украсен со мермерни столбови, скулптури, мозаици и портрети на националните
херои и важни моменти од руската историја. Ноќевање.
3 ден (12.04.2026) МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
Појадок. За љубителите на духовната и историската Русија, предлагаме факултативна екскурзија до Сергиев
Посад (поранешен Загорск, 70км од Москва) – голем манастирски комплекс кој своевремено бил резиденција на
рускиот патријарх а денес претставува еден од најстарите и најсветите места во земјата и центар на православието. Разглед на Тројствената лавра на св. Сергеј, позната по својата величествена архитектура и
мирна, монашка атмосфера. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта, како вистински завршеток на
денот – факултативно пловење со луксузниот брод-ресторан Radisson по реката Москва, со поглед
на величенствено осветлените мостови, згради, куполи и паркови на градот. Тура која не се пропушта.
Ноќевање.
4 ден (13.04.2026) МОСКВА (Кремљ и Палата на оружјето) – САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Појадок. Слободен ден или предлагаме факултатина програма – Кремљ, најстариот и најзначајниот дел од
историскиот центар на Москва – срцето на руската историја и извонредно атрактивен архитектонско уметнички
комплекс. Прошетка низ неговите катедрали, дворови и дворци (црквата Успение на Архангел, Цар-ѕвоното,
Цар-топот, итн). Можност да се посети и Палатата на Оружјето – вистинска ризница на богатства во
московскиот Кремљ заштитена од УНЕСКО, место каде се чуваат највредните предмети од царска Русија –
круни, скиптри, кочии, скапоцени предмети и уметнички ремек-дела. Попладне – трансфер до станицата и
патување со супербрзиот воз Сапсан, кој ги поврзува двата најголеми руски града (поаѓање во 17:00 часот,
пристигнување во 20:50 часот). По помалку од 4 часа во воз, пристигнување во Санкт Петербург – градот на
Петар Велики, градот на реките, каналите и мостовите. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден (14.04.2026) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Северната Венеција (Петерхоф)
Појадок. Ден за запознавање со раскошниот Санкт Петербург, еден од најубавите градови во Европа.
Панорамско разгледување на градот без влезници: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот
плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник, како и познатите мостови и
канали што му го даваат прекарот „Северна Венеција“.
Факултативно: посета на Петропавловската тврдина и црквата на св. Петар и Павле каде се закопани голем
број на руски цареви и императори почнувајќи од Петар I. Во овој комплекс кој претставува историското јадро
на градот се наоѓа историскиот музеј на Санкт Петербург како и прочуените зандани. Слободно време за
прошетки по живописните улици и кафулиња. Ноќевање.
6 ден (15.04.2026) САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, или факултативно ден исполнет со царска убавина.
Факултативна посета на Пушкин – Царското Село, летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и
прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметничките
предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. Ќе имате можност
да влезет и да ја видите прочуената Килибарска сала, симбол на богатството и уметничката префинетост на
руската империја. Попладне – факултативна екскурзија до Петерхоф, раскошната летна резиденција на Петар
Велики, позната по своите паркови и фонтани, поради што често се нарекува Рускиот Версај. Поглед кон
познатата фонтана со 250 позлатени скулптури и прошетка низ Горниот и Долниот парк, се до обалата на
Финскиот залив од каде се шири поглед кон Санкт Петербург и Кронштат. Враќање во градот. Ноќевање.
7 ден (16.04.2026) САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, а наш предлог е денот да го посветите на уметност и
инспирација со организираните факултативни тури. Факултативна посета на Ермитаж – еден од најголемите и
најбогати музеи во светот, сместен во поранешниот Зимски дворец покрај брегот на Нева, во срцето на градот.
Неколку милиони експонати и уметнички дела од сите епохи, меѓу кои ремек-делата на Леонардо да Винчи,
Тицијан, Ван Гог, Сезан, Рембрант, Пикасо и многу други. Музејот е неверојатна ризница на безвременски дела
од непроценливо значење. Попладне – факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон фасадите,
куполите и мостовите што го прават Санкт Петербург град од соништата. Слободна вечер. Ноќевање.
8 – 9 ден (17-18.04.2025) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Последен Појадок во градот на реките и дворците. Одјавување на собите и слободно време за прошетки по
живописните улички и кафулиња. Вечерта, организиран трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со Turkish
Airlines малку по полноќ (календарски 18.04) во 00:15часот (TK400), пристигнување во 04:55часот. Потоа лет за
Скопје во 17:25 часот (TK1003), пристигнување во 07:55 часот. Со спомени исполнети со царска убавина,
православна духовност и руската душа – завршува ова незаборавно велигденско патување
РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за резервации до 31.12.2025 – 1290€ – 79.980 мкд
Цена по лице во двокреветна соба – 1.395€ – 86.490 мкд
Попуст за дете од 2 до 11,99 год* – 100€/6.200 MKD мкд
Доплата за еднокреветна соба 200€ / 13.020 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за 3то лице може да е со помали димензии
од стандардните.
Во цената е вклучено:
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Москва и Санкт Петербург – Истанбул – Скопје, со Turkish
Airlines.
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
• Воз Сапсан од Москва до Ст. Петербург (окулу 4 часа).
• 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
• 4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
• Трансфери според програмата.
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според
програмата.
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.
Во цената не е вклучено:
• Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
• Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени):
Москва Ст. Петербург
• Кремљ (и 2 православни цркви)*** – 50€ • Ермитаж – 50€
• Сергиев Имот – 55€ • Пушкин (Царското село) *** – 65€
• Прошетка низ Московско Метро – 10€ • Петерхоф, Горен и Долен парк – 55€
• Бородинска Битка- 40€ • Петропавловска Тврдина – 40€
• Крстарење по реката Москва – 50€ • Пловење по реката Нева -40€
• Палатата на оружјето – 55€
*** За реализација на Пушкин (Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на
резервацијата во агенција.
*** За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ
(вкупна цена 460еур).
Важни Забелешки:
• Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата и 2
празни страници во пасош. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво
патникот.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени
патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на
истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна
доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
• Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските
билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и
други објективни или вонредни причини.
• За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници
и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на
цените на влезниците во локалитетите.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ