АТИНА 8МИ ДЕКЕМВРИ
термин: 05.12-08.12.2026
Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град, додека пак старогрчка Атина била моќен град- држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 € / 11.720 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 159 € /9.860 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Сместување во Хотел 3*, на база 2 ноќевања со појадок
-Панорамски разглед со водич
-Туристички придружник за време на целото патување
-Организиран превоз Кочани,Штип и Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Патничко осигурување- (200 мкд)
-Посета на Пелепонез (Нафплио, со вклучени влезници за Епидариус и Микена) – 45е
-Посета на Пиреја и Сунион- 40 евра
-Влезница за Акропол со локален водич- 40 евра (разглед со локален водич)
-Туристичка такса- 5 евра од лице
-Пакет – (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 115 евра
-Индивидуални трошоци
-Доплата за еднокреветна соба 60 евра за две вечери
– За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжма
ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата во 20.00 часот пред хотел Русија. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) АТИНА
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.
Сместување во хотел. . Слободно време за одмор и заедничка посета на познатиот и прекрасно украсениот кафич-Little Kook (тематски кафич кој во секое време од годината е украсен, особено сега по повод Божиќ и Нова Година украсен е на таков начин што погледот ќе ви го одземе здивот).
Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…
Вечерта слободно време за индивидуални активности и вечерна прошетка на познатиот плоштад Монастираки (најпознат плоштад на чија улица се наоѓаат и познатите брендови за облека)
Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) АТИНА – СУНИОН – СКОПЈЕ
После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет кон Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 08.12.2026 Вторник.