Божиќен маркет во  Кавала и Драма

Божиќен маркет во  Кавала и Драма
08.12.2024

 

08.12. 2024 (Недела) Скопје – Штип- Струмица – Кавала – Драма –Струмица-  Штип- Скопје

Поаѓање за  Кавала во 02.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во  04.00 ч од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.00 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Разглед на градот со туристички придружник. Посета на црквата Св.Никола каде се наоѓаат трите камења, местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон Аквадуктот– симболот на Кавала, изграден од Сулејман Величенствениот, Тврдината– која овозможува магичен поглед на градот распослан кон морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет, како и Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија. Слободно време за посета на божичниот маркет каде наместо зимзелените елки се украсува дрвен брод во морето со светликави ламбички. Тоа е оној традиционален симбол кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. По посетата на Кавала, поаѓање кон Драма. Посета на една од најубавите божиќни манифестации – Божиќен пазар кој изгледа како од бајките- Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци. Слободно време за  разглед и уживање во божиќната магија на градот. Поаѓање за Македонија околу 18 часот. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Поаѓање од Скопје: 1.900,00 денари
Поаѓање од Штип, Радовиш и Струмица: 1.500,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено  :

  • превоз на дадената релација
  • организирана посета на Кавала и Драма
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување
  • влезници за културно-историските споменици

 

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди