ИСТАНБУЛ 2 АВГУСТ

ИСТАНБУЛ 2 АВГУСТ

 1 ден  01.08.2024 ( четврток )

Состанок на групата : 16:00 hПоаѓање кон Истанбул : 16:30 hМесто на поаѓање ( Скопје ) – паркинг при хотел Русија – општина АеродромПопатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

 

2 ден 02.08.2024 ( петок )

Пристигнување на групата во ИстанбулГрупата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Check in во хотелот е после 14:00 часот По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување.Започнуваме со посета на Миниатурк – Турција во минијатура .Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.По посета на Миниатурк се упатуваме кон Ортаќој.Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .Кога веќе зајдисонцето наближува, денот го завршуваме во Ортаќој Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 03.08.2024 (сабота)

Појадок.По појадокот групата се упатува на пешачка тура за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.БалатБалат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.Таксим Плоштадот Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

 

4 ден 04.08.2024 ( недела )

Крстарење по Босфор90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.БејлербеиОваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.Палатата ЌучуксуПавилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.КадиќојКадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.Бујук Џамлича тераса Денот го завршуваме со посета на една од најубавите тераси со прекрасен поглед на магичниотИстанбул.Пауза за уживање и фотографирање.Враќање кон хотел.Ноќевање.

 

5 ден 05.08.2024 ( понеделник )

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.Кој не би сакал шопинг?Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.По шопингот, поаѓање кон Македонија.Пристигнување во Македонија после полноќ.

 

ЦЕНА по ЛИЦЕ : 119 €

Што е вклучено во цената :

  • Три ноќевања и појадок во хотел со 3*
  • Автобуски превоз
  • Туристичка такса
  • Лиценциран туристички придружник
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
  • Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “

 

Што НЕ е вклучено во цената :

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

МИНИАТУРК, ОРТАЌОЈ Цена за пакет: 25 Еур.

  • Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција. Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја. Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
  • Ортаќој
    Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој. Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

 

БАЛАТ & ТАКСИМ ПЛОШТАД Цена за пакет: 25 Еур.

  • Балат

Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.

  • Таксим плоштад

Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

 

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР , БЕЈЛЕРБЕИ, ПАЛАТА ЌУЧУКСУ, КАДИЌОЈ , БУЈУК ЏАМЛИЧА ТЕРАСА Цена за пакет: 85 Еур.

  • Крстарење по Босфор

Ви нудиме 2 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул

  • Бејлербеи

Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.

  • Палата Ќучуксу

Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престои и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.

  • Кадиќој

Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.· Бујук Џамлича Тераса Денот го завршуваме со посета на една од најубавите тераси со прекрасен поглед на магичниот

Истанбул. Пауза за уживање и фотографирање.

 

ВИП ПАКЕТ Цена за пакет: 120 Еур.
Вип пакетот вклучува посета на сите атрактивни знаменитости .

ВАЖНО :

  • Задолжителна проверка на пасошот.
  • Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите
  • пасоши со Р.С.Македонија.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
  • СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца
  • возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена нацената на влезниците на локалитетите и музеите За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста најавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди