НОВА ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

НОВА ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ
ДУБРОВНИК–ТИВАТ–БУДВА
Термин 30.12.2024 – 02.01.2025
5 дена / 2 ноќи

 

1 ден  30.12.2024(понеделник)  Штип – Скопје -Херцег Нови
Поаѓање за  Херцег Нови во 22.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 23:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  31.12.2024(вторник)–Херцег Нови
Пристигнување во претпладневните часови во Херцег Нови. Град кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето поради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето. Тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други. Разглед на градот со локален водич: Цитаделата, Црквата Св. Архангел Михаил, Црквата св. Ерпним, Крвавата кула (Канли кула). Сместување во хотел. Слободно попладне за уживање во Wellness и Spa центарот на хотелот кој располага со внатрешен базен. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ .Ноќевање.

3 ден  01.01.2025(среда)Херцег Нови–Дубровник–Херцег Нови
Појадок. По појадокот можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах – заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија, доколку дозволуваат временските  услови следење на коцертот на дубровачката филхармонија која секоја година има свој концерт. Попладне враќање во Херцег Нови.Слободно попладне за уживање во Wellness и Spa центарот на хотелот. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ.Ноќевање.

4 ден  02.01.2025(четврток)ХерцегНови–Тиват–Будва–Скопје/Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување кон Тиват, прошетка и разглед на центарот на градот и луксузниот комплекс “Порто Монтенегро едно од најлуксузните пристаништа на Балканот. Заминување кон  Будва, слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии долж морскиот брег. По посетата на Будва заминување кон Македонија преку Албанија и Косово со попатни пауз .Ноќно возење.

5ден  03.01.2025(петок) Скопје -Штип
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 169€ / 10.480,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автoбус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел “Palmon Bay 4 *Херцег Нови https://www.palmonbayspa.com/index.html
  • Разглед на Херцег Нови со локален водич
  • Користење на Спа Центар
  • Посета и разглед на Тиват и Будва
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
•   Факултативна посета на Дубровник (20€)плаќање и пријава во агенција
•   Влезници за музеите и културно-историските споменици
•   Задолжително патничко здраствено осигурување 200 денари
•   Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се плаќа во автобус )

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање за оние патници кој ќе одат во Дубровник .

 

 

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патниц.
Плаќањето е во денарарска против вредност по курс 1€=62 денари
За овој аранжман важат Општите услови за патување наTA. Феријал Кашиков и  СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди