11 ОКТОМВРИ ВО ПРОЛОМ БАЊА

11 ОКТОМВРИ ВО ПРОЛОМ БАЊА

ХОТЕЛ РАДАН 3* ПРОЛОМ БАЊА

   3 дена / 2 ноќевања

   Термин: 10.10- 12.10.2026 

 

Хотел Радан, сместен во срцето на Пролом Бања, претставува совршен спој на природна убавина, удобност и гостопримство. Опкружен со живописни пејзажи, чист воздух и мирна атмосфера, хотелот е идеална дестинација за сите кои сакаат да избегаат од секојдневниот ритам и да уживаат во вистински одмор. Без разлика дали патувате со семејството, пријателите или барате место за целосна релаксација, Хотел Радан нуди пријатен престој исполнет со удобност и незаборавни моменти.

10.10.2026  (Сабота) ШТИП- КУМАНОВО- СКОПЈЕ-ПРОЛОМ БАЊА

Тргнување во 05.00ч од Штип, нова Пошта, 06:00ч од Куманово, Макпетрол бензинска и 06:45ч од Скопје на паркингот кај Хотел Континентал . Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација  и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

11.10.2026  (Недела) ПРОЛОМ БАЊА- ЃАВОЛА ВАРОШ

Појадок. Можност за факултативен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

12.10.2026  (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА- КУМАНОВО- СКОПЈЕ- ШТИП

Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Попатна пауза на Прокупље, слободно време за прошетка, шопинг и ручек. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Македонија во вечерните часови.

 

Цена: 175/10.850,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на дадената релација

–  2 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера) во хотел Радан 3* Пролом бања во двокреветни соби

– Користење на базените со минерална лековита Пролом вода

– Секојдневно користење на Wellness центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум

– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билјард, пинг понг, тенис, пикадо)

– Туристичка такса

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување- 150 денари по лице

– Организиран излет до Ѓавола Варош, превоз, вклучена влезница и локален водич – 5€

– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

 

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна соба- 30 евра

– Доплата за апартман- 15 евра по лице од ноќ

– Дете 2-6.99 год. на дополнителен кревет  во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170ден

– Дете 7-12год. на дополнителен кревет во придружба на 2 возрасни -50% попуст

– Доплата за одбирање на седиште во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)

 

НАПОМЕНИ:

-Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

-Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

-За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

-Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

За реализација на аранжманот се потребни  минимум од 30 патници!

Важат општите услови за патување на Т.А. Феријал Кашиков и СКТМ

 

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди