Будимпешта со Виена за 23ти Октомври

Будимпешта е главниот град на Унгарија и e еден од најубавите и најромантичните европски градови.Се наоѓа на реката Дунав,која го дели градот на два дела Буда(со ридови,историски делови и замоци) и Пешта(модерниот и жив дел со булевари,кафулиња и продавници).Будимпешта е комбинација од историја,архитектура,бањи,романтика и модерен живот.Место каде што секој наоѓа нешто по свое.
Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за
одмор и царински формалности.
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот
на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј,
улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за
целодневна факултативна посета на Виена . Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта,
Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата
Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки
во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во
близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со
голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со
представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време
враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со
претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински
формалности.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
Цена 149 EUR
Што е вклучено во цената
– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
– Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,
– Туристички придружник од агенцијата,
– Организација и реализација на аранжманот
Што не е вклучено во цената
– Факултативи
– Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 75 еур.
– Туристичка такса 2,5 еур по лице на ноќ ( се плаќа во хотелот )
– Трансфер по градови-Штип,Велес,Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола-10 евра во правец по лице
Факултативни излети
Разглед на Будимпешта (локален водич – задолжителна факултатива)
Цена за пакет: 15 €
Крстарење со брод по Дунав ( крстарење + чаша шампањ )
Цена за пакет: 25 €
Посета на Сент Андреа
Цена за пакет: 20 €
Посета на Виена (минимум 30 патника за реализација на факултативата)
Цена за пакет: 40 €