МЕТРОПОЛ ЕЗЕРСКИ КОМПЛЕКС – ОХРИД
Хотел Белви / Хотел Метропол
Хотел Метропол се наоѓа меѓу брегот на Охридското езеро и зелената шума на Националниот Парк Галичица од каде има прекрасна глетка на езерото и планината. Вкусете ја автентичната регионална кујна како и интернационалната, придружени од звуците на традиционалната музика додека уживате во езерската глетка. Искористете ја банкет салата како и салата за конференции. Во Метропол можат да се организираат конференции како и поголеми собири.
Хотел Белви има одлична локација на брегот на Охридското езеро со 500 метарска приватна плажа со базен и тоалети. Нашиот ресторан има одлична кујна и капацитет од 220 места и надворешна тераса. Хотел Белви има сала за појадок за 110 луѓе, бар за 60 гости, и аперитиф бар и клуб Табу со површина од 700 м. квадратни.