Вила Центар-Калитеа 2024
Вила Центар се наоѓа во центарот на Калитеа, на самото шеталиште.Добрата локација на објектот овозможува брза достапност на гостите до плажа (200 метри) и до голем број супермаркети, продавници и ресторани. Препорачлива е за сместување гости кои уживаат во ноќните забави и живите прошетки во местото. Студијата се комплетно опремени со мини кујна, телевизор, клима уред, тераса и купатило.Вилата поседува и бесплатен безжичен интернет, додека користењето на клима уредот се плаќа на лице место.Калитеа важи за место со прекрасна природна идила со зеленило и плажи со бел песок и кристално бистра вода.
Наем на студио
цени за цела соба за 7 ноќевања без превоз
Tермин | 25.05. | 01.06. | 08.06 | 15.06 | 22.06 | 29.06 | 06.07 | 13.07 | 20.07. | |
Студио 1/2 | 219 еур | 229 еур | 249 еур | 269 еур | 299 еур | 349 еур | 359 еур | 369 еур | 399 еур | |
Термин | 27.07 | 03.08 | 10.08 | 17.08 | 24.08 | 31.08 | 07.09 | 14.09 | 21.09 |
Студио 1/2 | 409 еур | 409 еур | 399 еур | 369 еур | 359 еур | 349 еур | 299 еур | 249 еур | 229 еур |
Во цената е вклучено:
– наем на студио/апартман за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 2 € по соба од ден (се плаќа во агенција)
– клима 5 еур од ден(на лице место)
Напомени:
-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
– Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
– Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
-Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.