Хотел BELA JELA 4* – Луковска Бања

ХОТЕЛ БЕЛА ЈЕЛА

Хотел „Бела Јела“ 4* е отворен за првите гости во октомври 2021-ва година, изгледа импресивно и доминира во питомиот луковски слив како планински император. Располага со 85 соби, 8 апартмани и 2 луксузни апартмани. Сите соби се модерно опремени во согласност со најновите стандарди. Оброците се служат по принцип на шведска маса – појадок и вечера,  ќе можат да ручаат во “a la carte” ресторанот”.
Велнес центарот на хотелот  располага со отворен и затворен базен со температура од 33 до 35 степени, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, солена соба и топли клупи.
Гостите можат да го користат лоби барот на рецепцијата и велнес барот во велнес центарот за релаксација и уживање.
Гостите имаат можност да ги користат теретаната и салата за забава и рекреација. За најмладите гости е достапна модерна игротека.
Медицинскиот блок е модерно опремен и може да се користи електротерапија, хидротерапија, терапија со кал и рачни масажи. Терапиите ќе се одвиваат секојдневно, за време на викендите и празниците, а лекарите ќе бидат достапни 24 часа за прегледи и консултации.

 

  Јуни  Јули и Август  Септември
Основен БП 65 65 64
Дополнителен БП 80 80 79

 

 

*Основниот БП се однесува за престој од 3 или повеќе дена, а доплнителен БП ден е за престој од 5 или повеќе дена . За престој пократок од 3 дена цените се зголемуваат за 20%

Основен БП :

  • Сместување во двокреветни стандардни соби (ТВ, минибар, бањарки, фен),
  • Лекарски прегледи од дежурни лекари;
  • Балнеотерапија: капење во лековита вода (внатрешни џакузи базени, надворешни базени, „вирли“ во Горња Бања – места на природна изворска термална вода), терапија со хидрокинеза (групни вежби во базен со лековита вода);
  • Секојдневна употреба на Велнес центарот: финска сауна, био сауна, парна бања, солена соба, тепидариум;
  • Секојдневно користење на спортски терени (асфалтен терен за мали спортови: кошарка, ракомет, одбојка);
  • Програма за анимација со рекреативен терапевт: групни вежби во теретана и на отворено, прошетки низ областа;
  • Оброци на база полу пансион- појадок и вечера шведска маса; 
  • WiFi интернет;
  • Такса за престој и осигурување.

Дополнителен БП:

  • основен БП + четири терапии дневно
  • Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања);
  • Примена на лековита кал (до 2 апликации);
  • Електротерапија (дијадинамика, интерферентни струи, TENS, ултразвук, solux ламба, мускули стимулатор, Bioptron ламба);
  • Рачна масажа

Доплата и попусти:

  • Доплата за еднокреветна соба: 13 € на ден.
  • Доплата за апартман: 13 € по лице на ден
  • Доплата за апартман ЛУКС 35€ по лице на ден
  • Деца до 5години бесплатен престој 
  • Од 5-10 години: 50% од наведените цени 
  • 10 и повеќе години: плаќаат полна сума на престојот

 

Цените се изразени во евра  по лице од ден, плаќањето е во денарска противвредност 1 евро = 62 ден

Важат општите услови на ТА Феријал Кашиков и СКТМ

Останати Понуди

Побарај понуда

Слични понуди